Василевска: Изборот и кандидатурите за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација и меѓу-коалициски комбинаторики
„Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени меѓу-коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата“, посочи Василевска.
Василевска се согласува за функционален Уставен Суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.
„Како опозиција ги користиме сите демократски алатки со коишто може да ги адресира потребите за револтот и несогласувањето на граѓаните. Во една нетранспарентна политичка игра и во еден мошне хибриден, затворен и нетранспарентен систем на функционирање, секој еден механизам коишто е во наши раце и којшто е демократски е во функција“, заклучи Василевска.
Василевска меѓудругото се осврна и на поднесената декларација од страна на ВМРО-ДПМНЕ за 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, каде истакна дека како што ја донесовме резолуцијата за исцртаните македонски црвени линии минатата година во Собранието, така и тука потребно е да покажеме дека браникот, симболизмот и митологизација, историографија нема да дозволиме да бидат поместени во било какви контексти со надворешни нарачки.
„Со отфрлањето на декларацијата од страна на СДСМ веќе е јасно и информациите кажуваат дека нашиот државен врв преговара за ликот и делото на Гоце Делчев што е недозволиво. Државната врхушка апсолутно не е искрена и токму затоа таа напаѓа кога ние имаме добра намера со декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, заклучи Василевска.