Од утре Скопје ќе мрзне

Само уште денес БЕГ е во состојба колку – толку да ги затоплува домовите на скопјани кои се приклучени на мрежата за парно греење. Од утре – нема парно греење. БЕГ не е во состојба да испорачува топлинска енергија и побара Владата да превземе времено управување со компанијата се до завршување на кризната состојба оваа грејна сезона.

Останува на Владата да донесе решение во најбрз можен рок. Џабе е одзедмањето лиценца на БЕГ ако домовите на скопјани останат ладни на овие минусни температури.

Логично е тогаш сите да се префрлат на греење со струја, да вклучат клими и греалки. Но, колку системот за снабдување со струја ќе го издржи тоа?

Постави одговор

Your email address will not be published.