Успех на Јуниорскиот Евросонг за претставниците на Македонија – деветто место!

На 19тото издание на Јуниорскиот Евросонг претставниците на Македонија, групата „Дајте Музика“ се претставија со нумерата “Green Forces” и го освои фантастичното 9то место!

Честитки дечки!

Инаку, „Дајте музика“ е копродукциски проект на Македонската телевизија, кој е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Во него, главни протагонисти се токму групата мошне талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација.