Sunday, November 28, 2021
рекламно место 1spot_img
домаИСТОРИЈАНа денешен ден е роден Петар Поп Арсов

На денешен ден е роден Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов е роден на 14.08.1868 во Богомила. Македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.

Петар Поп Арсов е меѓу оние македонски дејци (Даме Груев, Крсте Петков Мисирков идр) кои созреале на релацијата Солун – Белград – Софија. Во текот на оваа патешествие Поп Арсов како и голем број негови сопатници, разбрал дека ослободувањето на Македонија може да стане само со сопствени сили, без да се бара бара помош од некого: Секој што однадвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земе земјата.

Петар Поп Арсов е единствениот основоположник на Внатрешната организација кој го потпишал апелот на привременото преставништво на поранешната ВМРО, со кој се барало воспоставување на Македонија како самостојна и независна држава на Балканот во нејзините природни и географски граници. Решенијата на Париската мировна конференција, која всушност со мали измени ја потврдила одлуката од Букурешкиот мировен договор биле причина за големата разочараност кај него и повлекување од јавната политичка сцена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани