Токму „село гори, баба се чешла“!!!

На веб страната на Владата на Република Македонија излезе соопштение дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе користат денови од годишниот одмор.

Но, на социјалната мрежа Твитер се појавија фотографии од Премиерот Заев и Министерот за правда Бојан Маричиќ на плажа, додека државата е во кризна состојба, која самите тие ја прогласија вчера и се справува со многубројни пожари. Додека примаме донации од странство, се бориме со страшни, апокалиптични пожари, тие двајцата безгрижно си уживаат. Ова создаде лавина негативни коментари, но тешко дека што и да е ќе допре до нив.