Мицкоски обвинува за предизборен поткуп, а изборите уште не се ни распишани!

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил објави видео снимки за кои вели дека под превезот на донации од министерството за труд и социјала, се делат пакети полни со средства за лична хигиена и кои се дел од програмата и заемот од Светска банка, а всушност станува збор за предизборен поткуп на граѓани од општините Ново Село и Шуто Оризари.

Тој бара и реакција од Светска банка, бидејќи не е возможно свесно да се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Мицкоски тврди дека светска банка е злоупотребена од функционери на власта во политичка кампања за локалните избори, но, и дека очекува реакција и од меѓународната заедница, канцеларијата на ЕУ на овој бесрамен поткуп, вели во својот статус Христијан Мицкоски.

Линк до видеата: https://fb.watch/7cVDfJZu68/