Секогаш и секаде! За кого? – За Македонија!

ЕБР слави 20 години од своето формирање

Единицата за брзо распоредување или скратено ЕБР е специјална единица која се води под Министерството за внатрешни работи.

ЕБР е формирана во 2001 година како нам позната единица „Лавови“, за да во 2003 година се трансформира во Специјална единица за брзо распоредување или скратено СЕБР.

Нивни задачи се воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации; спровод на лица барани со локални и меѓународни потерници; анти-терористички акции и сите останати потфати од висок ризик; обезбедување на домашни и странски ВИП личности; давање асистенции на сите институции во Република Македонија; пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи.

На денешната свеченост, организирана во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје според протоколи заради пандемијата од КОВИД-19, се обрати Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој истакна дека ЕБР е единица која по својот состав, улога и професионални специфики претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата.

„Свесни за важноста на ваквиот вид полициска служба, нужно сме насочени кон натамошно континуирано внимание и грижа за развојот и работата на ЕБР, поаѓајќи од примарниот мотив да ги постигнеме и одржиме оние највисоки европски и светски полициски стандарди во доменот на функционирањето и работата на полициските формации од овој тип“, истакна Спасовски.

Моќното видео по повод роденденот можете да го погледнете на следниов линк:

https://fb.watch/7zgbLzVAg0/