Резил – и без закон ги згрешија новите лични карти!
Ем лични карти без закон, ем со „северна“, ем двојазични и етничка припадност, туку и тоа што го напишаа на албански и англиски е ПОГРЕШНО!!!
Под „nationality“ се подразбира државјанство, а доколку се истакнува етничка припадност се пишува „ethnicity“.
И џабе објаснуваа зошто стои „македонско“, а не „Македонци“ во Преспански договор за опис на „nationality“, дека тоа не е етничка припадност, туку се подразбира државјанство, а во „новите“ лични карти го ставија токму обратното!!!
Или тотално неписмени ве советуваат, или се излезе обратно од она што го ветувавте. Друго објаснување нормалниот човек нема!!!