Распишани локалните избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери го потпиша Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.

Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

Изборната кампања за локалните избори започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите.