Прво изјави рестриктивни мерки само за тетовскиот регион, па се попишмани

Ковид статистиката за денес, 7ми август е следната:

Од направени 7647 тестирања, има 378 нови случаи на КОВИД-19, починат е 1 пациент, оздравени 25, а вкупно активни случаи на територијата на Република Македонија има 1618.

Со оглед на секојдневно зголемување на позитивните случаи, од кабинетот на министерот Филипче предпладне најавија нови рестриктивни мерки за сериозната состојба и новиот бран на коронавирусот во тетовскиот регион, попладнево министерот Филипче објаси дека мерките би се однесувале за целата земја.

Предложена е забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетоста на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица. Ќе се засилат контролите за носењето на заштитни маски и теренската вакцинација.

„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот“ – изјави Филипче.

Инаку, денес од 378 ново дијагностицирани случаи на КОВИД-19, 119 се од Тетово.