Граѓански протест против поскапување на струјата

Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси. Продолжуваме со протест и утре (11.09.2020) пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот, еден час со автомобили ќе ја блокираме раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија. Протестот ќе започне пред Палома Бјанка. Овој протест е насочен кон владата и Мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ.

Утре од 14:00 до 15:00 – пишува во повикот опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.