Го претепаа Саздо до смрт – Осомничениот конечно екстрадиран во Македонија

Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17:35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди.

За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Македонија, информираат од МВР.

Постави одговор

Your email address will not be published.