Владата на Заев ги гази медиумите
Се зголемува притисокот, уцените и заканите врз медиумите. Новинарите секојдневно се мета на разни напади, закани и уцени, а власта наместо да ги осуди, долева бензин на огнот преку квалификување на проопозициски медиуми и новинари. Актуелната власт прави се само не создава услови за слободни медиуми.
Јавноста беше сведок на напад на новинарот и уредник на порталот Лидер.мк Љупче Златев кој важи за критички настроен кон власта. Според изјавите кои Златев ги имаше, бил нападнат поради објавените криминални афери и скандали кои биле објавени на неговиот медиум. За ваквиот напад врз слободната мисла на новинарите, се со цел да ја информираат јавноста за работи од јавен интерес, актуелната влада не излезе со осуда за овој чин, а ниту повика на расчистување на случајот но и одговорност за сторителите. Симптоматично беше што нападот врз Златев не беше осуден ниту од медиумите кои важат блиски до власта.
Тука е и случајот со осудениот Александар Митовски кој важи за еден од пожестоките критичари на власта. Имено, Митовски како главен и одговорен уредник на порталот Инфомакс, доби шест месеци условна казна доколку во наредните две години не го повтори делото, како обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“. И овој случај како и случајот за покревање на обвинение против Златев, Социјалдемократскиот сојуз не го осуди.
За потсетување на јавноста, премиерот Зоран Заев упатувал критики и навреди кон новинарите, посочувајќи ги одредени новинари „Вие контравладините медиуми“ или изјавите од типот „Неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер нема да ја турнат владата“, алудирајќи на новинарот Бранко Героски. Етикетирања од страна на премиерот Заев имаше и кон новинарот Фуркан Салиу покажувајќи ароганција и нетрпеливост веројатно затоа што некои од новинарите не му се по мерка.
Притисоци имаше и врз новинарот Драган Павловиќ Латас преку обвиненија на Специјалното јавно обвинителство за случаите Труст и Тотал. Латас во една од изјавите рече „ова е политички, а не кривичен предмет“.
Иако СДСМ ветуваше слобода на говор, слободни медиуми сведоци сме на се почестите физички пресметки, закани и притисоци, но и на селективното информирање на медиумите кога станува збор за опозицијата.