Црногорците не можеле да смислат посмешна реклама за ковид-19 (ВИДЕО)

Вистински хит на интернет стана црногорската реклама преку која се укажува на значењето и почитувањето на мерките за ковид-19. За само два дена ова видео има над 100.000 прегледи, а во описот стои дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Видеото почнува со тоа што едно црногорско семејство руча во дворот пред куќата и разговара за новото момче на ќерката.

– Од добра куќа е, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете – му вели сопругата на сопругот.

Останатото погледнете го сами: