Филмот „ЈЕДИНИ“ посветен на Тоше Проески достапен на Јутуб

Филмот „Једини“ (Единствен) посветен на Тоше Проески, чиј автор е Катерина Миловановиќ од српската „Прва Телевизија“ сега е јавно достапен на „Јутуб“ каналот.

Неговата премиера беше само еден ден по неговиот роденден во Крушево.

Во филмот опфатен е целиот живот на Тоше, од детството, пријателите, желбата за живот без слава, хуманоста, но и тешките моменти со семејството кое било на прагот на сиромаштијата.

Ќе ги видите и слушнете Јован Шапе, другар  на Тоше од детството како  организирале концертсо минимални финансии, сестрата на Тоше – Дора како раскажува за болните моменти кога немале пари, а морале да го носат на преглед за очите во Прилеп, сеќавањата на Жељко Самарџиќ, Андријана Јаневска, композиторот Григор Копров, текстописецот Огнен Неделковски, Ранко Бубамара, Александар Митевски во чие студио се снимала  „Македонија навива за нас“.

Филмот е преведен на македонски, но засега е достапен само на каналот „Јутуб“.

Повелете, погледнет го: