Wednesday, February 8, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИАрсовски: Институциите под команда на Заев и СДСМ молчат за испумпаните 21...

Арсовски: Институциите под команда на Заев и СДСМ молчат за испумпаните 21 милион евра

СДСМ молчи за најголемиот грабеж со испумпување пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување. 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија. Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Заради желбата за пари на едно семејство од Струмица, цела Македонија плаќа поскапа струја. До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?! Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви.
Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија.“

-Македонија не е должна да плаќа за туѓи бизнис интересите. Воедно, бараме од ЈО, Антикорупциската комисија, регулаторните тела и сите останати да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување на државни пари, во спротивно и тие ќе бидат соучесници, подвлече Арсовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани