Костовски обелодени: Спречена е продажба на Банката, ние сами ќе ја спасевме, но на некому му се брзаше

Ние сами ќе ја спасевме банката , но на некому му се брзаше. Зошто, како, при неформирана Влада, при пандемија, тоа е лудо, кажете ми пример во ваква дадена ситуација да се превземат такви ригозорни мерки, обвини денеска бизнисменот Трифун Костовски на прес конференција за новинарите.

Костовски, обелодени дека течеле преговори за продажба на Банката , но дека истата е спречена

Имало инвеститор кој требало да достави понуда до денеска, а тоа го знаела и НБРМ. Тој бил сериозен инвеститор, но поради корона кризата не биле во можност да дојдат во земјата и да го презентираат целиот бизнис план за продажба на банката, истакнаа од фамилијата Костовски.

Имавме понуди за продажба на нашата банка, кои гарантираа стабилност, просперитет и развој, имавме понуди од големи групации и за тоа беа запознаени од Народната банка. Едниствен услов беше да дојдат тука, но тоа не се случи поради состојбата со Ковид 19. Крајниот период за понудата беше денешниот ден, изјави Коста Костовски.
Вината, истакна Костовски, ја лоцираме во Управниот одбор, тие не пренесоа жедни преку вода. Ние против тој УО ќе поднесеме кривични пријави за злоупотреба, ги злоупотребуваа сметките на приватните и правните лица во Банката.