Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТРешете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо...

Решете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот

Овој краток тест ќе ви открие како успевате да се носите со стресот. Сè што треба да направите е да одговорите со „да“ или „не“ на прашањата и потоа да си дадете по еден бод за секој позитивен одговор. Резултатите можете да ги најдете под прашањата. Бидете брутално искрени за да ја добиете најреалната слика!

1. Често ја занемарувате својата исхрана?

2. Често се обидувате да ги направите нештата сами?

3. Се лутите лесно и често?

4. Често тежнеете кон нереални цели?

5. Често не успевате да го препознаете хуморот во ситуациите коишто им се смешни на другите?

6. Често и лесно се нервирате?

7. Ви се чини дека од сè правите голем проблем, поголем одошто навистина е?

8. Често се жалите дека сте неорганизирани?

9. Имате тенденција да се лутите и да ги чувате емоциите во себе?

10. Често го запоставувате вежбањето?

11. Имате премалку квалитетни односи со членовите од семејството и пријателите?

12. Често премалку се одморате?

13. Често се лутите кога другите ве оставаат да чекате?

14. Често ги игнорирате симптомите на стрес?

15. Често ги одложувате нештата за подоцна?

16. Често мислите дека има само еден, правилен начин на правење на нештата?

17. Често не успевате да издвоите време за опуштање во текот на денот?

18. Сметате ли дека поминувате премногу време жалејќи се на минатото?

19. Имате чувство дека претрчувате преку денот?

20. Се чувствувате ли често дека сте неспособни за сè што морате да направите?

Резултати:

Од 1 до 6 бодови – Вие најчесто немате проблеми со стресот.

Од 7 до 12 бодови – Прилично лесно го контролирате стресот.

Од 13 до 17 бодови – Вие сте во близина на зоната на опасност, бидете внимателни!

Над 18 бодови – Вие сте под хроничен стрес, време е за промени!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани