Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИКоронавирусот покосува низ Европа - Над 3 милиони заразени и повеќе од...

Коронавирусот покосува низ Европа – Над 3 милиони заразени и повеќе од 200.000 починати

Повеќе од три милиони луѓе се заразени со коронавирус во Европа, а повеќе од 50 проценти од нив се во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија, покажуваат податоците на агенцијата France Presse, кои ги собрала од официјални извори.

Во Европа, до четврток наутро во осум часот по GMT, се регистрирани 3.002.861 заразени лица, а во светот 15.237.784.

По бројот на умрени, европскиот континент најтешко го погоди пандемијата со 206.633 жртви, од 626.994 колку што починаа во светот.

Русија е европска земја со најголем број заразени – 795.038 (12.892 умрени), по што следи Велика Британија со 296.377 (45.501), Шпанија со 267.551 (28.426) и Италија со 245.032 (35.082).

Податоците за бројот на заразени лица не даваат вистинска слика за обемот на пандемијата затоа што некои земји ги тестираат само сериозно болните, а некои немаат доволно ресурси за пошироки кампањи за тестирање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани