Веб-страницата на ДИК повторно падна

Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) претпладнево повторно е надвор од функција, иако утрово беше достапна, но на неа беа достапни податоци од последните парламентарни избори со многу погрешни податоци.

Страницата на ДИК беше надвор од употреба откако беше хакирана вечерта во средата на денот на изборите, во очекување на прелиминарните резултати.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, соопшти дека Министерството за внатрепни работи вило известено за хакерски напад којшто, според него, предизвикал мало одложување на оперативната активност.

„Се случи хакерски напад на системот на ДИК, односно на нашиот сајт, кој предизвика би рекол не голема штета, туку мало одложување на оперативната активност на ДИК. Притоа се појавија разни шпекулации, разни лажни вести предизвикани од тие шпекулации кои во текот на денов се ширеа. Сакам во име на Комисијата да ги демантирам тие шпекулации и да укажам на фактот дека ДИК работи согласно Изборниот закон каде точно се предвидени постапките за утврдување на резултатите“, рече вчера Деркоски.