Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИОд утре бензините и дизелот со нова повисока цена

Од утре бензините и дизелот со нова повисока цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 06.07.2020 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,585 ден/кг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани