Барселона е виновна за тоа што сме први на табела!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се покажа како прав лидер, откако повторно тој беше клучниот за победата на Реал.

„Кралевите“ против Атлетик Билбао со минимален резултат победија втор натпревар во низа, а втор пат човекот на одлука беше Рамос. И оваа победа на Реал не помина без полемики за ВАР системот, нешто за кое многу се пишува во Ла Лига во овој период.

Рамос се огласи на оваа тема:

„Ла Лига нема да ја освоиме само сезоната. Оние кои не успеаа да ги остварат своите цели вината треба да си ја бараат во своите редови. Судиите не направија ништо клучно, ние сами ја правиме разликата на теренот“, изјави Рамос и така испрати директна провокација до Барселона.