Фризура со локни повторно ИН ова лето
Ладната фризура“ или фризура со локни била ултимативен тренд во осумдесетите. Ако сте од помладата генерација, прашајте ги вашите мајки или баби и ќе ви кажат колку бил распространет и популарен овој тренд.
Жените со часови седеле во фризерските салони, под „хауба“ за да ги добијат совршените локни. Две децении подоцна, локните се повторно „ин“.
Колку поубаво дефинирани и со волумен – толку подобро.
„Ладна“ односно „Трајната фризура“ сè уште се прави во фризерските салони и е предност доколку не сакате да се заморувате со секојдневно средување на косата.
Но, можете да ја добиете во една малку поинаква форма и со виткање на косата со фигаро или пегла за коса, или пак на старомоден начин со „крпчиња“ . Тие пак што имаат природно кадрава коса имаат среќа.
Во продолжение погледнете неколку примери: