На денешен ден е починат Павел Шатев
Павел Шатев истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство.
“Да слушне цела Европа, тоа е голема работа, да дознае стариот континент дека Македонија е сѐ уште поробена, но и тоа дека има луѓе кои крваво ќе се жртвуваат за својот народ, зашто и тој има право да живее”- со оваа парола Гемиџиите го затресуваат Солун.
” Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, одделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот.”
Починат е во Битола во 1951 година.