Дваесет и пет години од масакрот во Вејце
Пред 25 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.
Осумтемина загинати бранители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.
Преживеаните биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот кај Вејце.


За жал, низ текот на годините нивната спомен плоча, која остана како нешто последно во нивна чест честопати беше руинирана.
Масакрот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случил на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени. Потоа биле масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.
Comments are closed.