По новите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата, а се однесуваат на угостителските објети, на социјалните мрежи се оглси пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК.
-На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и се уште сум ). Со нашиот бенд DNK бевме први кои од сопствен џеб плативме и направивме live stream концерт на социјалните платформи под мотото #СедиДомаБидиКул уште пред да се воведе целосниот карантин се со цел да влијаеме и помогнеме во целата ситуација, еднаш не се побунивме иако 90% од артистите бевме без неколку месечно примање, но со овој ноншалантен однос и очигледно незнаење на владата во кој правец тера мислам дека време е сите ние музичари, артисти, уметници да дигнеме глас на УЛИЦА, да си ги бараме нашите права и да им дадеме до знаење дека ние не сме криви за грешките на неколкуте локали и организатори на настани кои видливо се толерирани од не знам кои причини ( јавна тајна е се знаеме да не се секирате ). Истите тие работеле заради ваша катастрофална реакција и непрофесионалниот однос и реакција #реално. Но како што кажав и претходно најлесно е да се удри по македонските артисти кои ги множите со НУЛА. Ова нема така лесно да ви пројде, тоа ви ГАРАНТИРАМ!!! Срам и арам да ви е на сите ваши неосновани одлуки, пишува Панчо ДНК.
На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и сеуште сум ). Со нашиот бенд…
Gepostet von Vladimir Blazev am Sonntag, 4. Oktober 2020