Сила или разум
1. Именувавме група претседатели на ОК директно од врв.
2. Сега ќе именуваме друга група, преку комисија, но исто од врв.
3. Зошто да не оставиме, барем во тие ОК каде самите би сакале, да си одберат водачи преку гласање на членовите?
Знам, има ризици секогаш. Но мислам дека е најдобро сега да го направиме, пред локалните. Има разлика дали си именуван или те избрала базата. Ќе бара повисока свест од сите, но конечно членовите се тие кои одработуваат на терен. Зошто да не им веруваме дека ќе носат паметни одлуки ако им се даде можност?
Конечно, ако не одиме за се на сила, можеби разумот ќе не направи посилни за да можеме повторно да победуваме.
- напиша Попоски на својот фејсбук профил.