Русковска како доказ доставила вештачење од невропсихијатар во кое пишувало дека кај неа има лутина кон тужените, анксиозност и загриженост.
Нека и каже некој дека нема граѓанин во Република Македонија што не го осеќа истото кон неа, а сигурен сум дека не би било лага ако кажам дека и многу повеќе! И не само кон неа, туку кон сите кои се дел од мафијата.
Можеби е добро сите да поднесеме тужби, м?
И уште една работа, ако главната обвинителка чувствува страв и лутина кон ВМРО, тоа значи дека сериозно е доведена во прашање нејзината објективност во работењето, што пак е основен принцип на работа за еден обвинител. И кога говори за нејзините чувства, нека се запраша за чувствата на оние мајки, сестри, родители чии чеда неправедно ги гони и се под политички прогон.
Паричката има две страни, нели обвинителке?