Децата го носат вирусот во носот до три недели: Нова студија покажа дека и асимптоматските деца можат да бидат преносители
Според последното истражување кое е спроведено во Јужна Кореја, децата можат да го носат вирусот во носот и до три недели.
Додека раните студии, од почеткот на пандемијата покажаа дека повеќето деца имаат благи или никакви симптоми на коронавирусот.
Истражувањето од Јужна Кореја, исто така, ја нагласува континуираната улога и важност за дистанцирањето и хигиената при враќањето назад во училиштата, пишува Би-Би-Си.
Сега се поставува прашањето колкава е веројатноста дека децата го шират вирусот?
Претседателот на Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје, професорот Расел Винер објаснува дека постојат три одвоени, но поврзани прашања за децата и коронавирусот.
Дали децата се разболуваат? Колку е сериозна клиничката слика? И дали вирусот им го пренесуваат на други?
Иако знаеме дека децата можат да се заразат, професорот Винер вели дека резултатите на тестовите на антитела укажуваат на тоа дека тие се можеби помалку подложни на заразата од возрасните, посебно децата помали од 12 години.
Научниците се убедени дека е помалку веројатно дека децата ќе се разболат пред возрасните, па дури и ако се заразат тие немаат никакви симптоми. Тоа го потврдува и британската студија објавена во петокот.
Третото прашање е она за кое најмалку знаеме, а на тоа пробале да одговорат во јужнокорејската студија – дали децата го пренесуваат вирусот?
Истражувањето кое опфатило 91 дете, покажало дека дури и кај оние со мали симптоми или без симптоми, може да се најде вирус во нивните брисеви, кои се земени од носот, дури и по три недели. Експертите заклучиле дека фактот што тие имале вирус во носот покажува дека се способни да го пренесуваат понатаму.
Сепак само затоа што вирусот се наоѓа во носот на детето, тоа дефинитивно не докажува дека се пренесува со иста брзина како кај возрасните.
Докторката Роберта де Биаси, шефот на одделението за педијатриски болести во Детската национална болница во Вашингтон, рекла дека би било „нелогично да се размислува дека децата немаат никаква улога во пренесувањето на вирусот“.
Но, професорот и педијатар на Универзитетот во Ливерпул, Калум Сепл вели дека „присуството на генетски материјал на вирусот во брисевите не мора да биде еднаков со преносот, посебно кај луѓето кои имаат симптоми како кашлица и кивавица“.
Логиката покажува дека децата и возрасните без или со симптоми, кои не кашлаат и не го исфрлаат вирусот во воздухот, ќе бидат помалку заразни. Сепак, значаен број на асимптоматски лица и понатаму може да има влијание на стапката на инфекција.
Професорот Винер истакна дека затворањето на училиштата претставува ризик за детското образование, развој и ментално здравје.
Иако точниот ризик на децата како преносители засега останува отворено прашање, одговорите ќе бидат од пресудна важност за контрола на идните епидемии. Докторката Биаси верува дека иако „повеќето заразени деца имаат блага или непрепознатлива болест“, тие можат да играат „важна улога во овозможување на ширење на вирусот низ заедницата“.