Пандемијата со коронавирусот ги поремети сите спортски случувања во нашата земја, па сега после шестмесечна пауза, фудбалот повторно се враќа на сцената и тоа со стартот на Првата македонската фудбалска лига.
За оваа недела е закажанот првото коло во македонската елита, сезона во која Вардар како бранител на титулата ќе се соочи со многу големи предизвици, не само поради силната конкуренција, туку и поради лошата финансиска состојба која носи немир кај играчите.
Сепак, вардаровите играчи сега дознаа дека зад себе и во вакви услови на пандемија ќе ја имаат својата верна сенка зад себе, односно „Комитите“ кои сега најавија дека ќе навиваат пред стадионот на натпреварот од првото коло против Борец.
– По скоро шестмесечна пауза започнува новата фудбалска сезона, која за нас ќе биде една голема борба на два фронта – лошата ситуација во ФК Вардар и играњето на натпреварите без публика.
– Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред Градскиот стадион. Пред влезот на западната трибина! Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ!, – порачаа „Комитите“.