Штипјанка пронашла изгризани делови од човечко тело, веројатно се на нејзината исчезната мајка
На 06.10.2024 во 08.12 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни а за кои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.