Почина Шенон Доерти – познатата Бренда од Беверли Хилс

Шенон Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People. Шенон се прослави во 1990 година како Бренда Волш на мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Присли, со кого остана блиска до крајот на нејзиниот живот, како и покојниот Лук Пери кој го играше Дилан во серијата.

На Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во февруари 2015 година, а во 2017 година објави дека е во ремисија. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста повторно беше во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека нејзиниот рак се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.

Таа продолжи да работи и не се откажа. Во јуни 2023 година, таа објави дека ракот се проширил на нејзиниот мозок и дека повторно прима зрачење.

Во април таа откри дека се подготвува да замине.