АТЕНТАТ врз Трамп, поранешниот претседател е добро, напаѓачот е НЕУТРАЛИЗИРАН!

На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија имаше атентат, каде што поранешниот претседател беше погоден од далечина.

Додека го држеше говорот, Трамп  падна на земја  и на увото имаше крв. Брзо беше опколен од агенти на Тајната служба и остана на земја околу една минута. Потоа стана, ја подигна тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од бината и одведен во возило, кое брзо го напуштило местото.

Ова е моментот кога беше пукано во поранешниот претседател Доналд Трамп.Во еден момент се забежува дека тој се држи за ушето додека се слушаат пукотници и обезбедувањето веднаш реагира и го изнесува.

Си-Ен-Ен јави дека НЕУТРАЛИЗИРАН е човекот кој почнал да пука, термин што означува дека напаѓачот е мртов.

Comments are closed.