Канал 5: Најголеми губитници од кампањата се Левица и СДСМ
Според анализата на Канал 5 Левица и СДСМ се најголемите губитници на 24 април.
Како што јавува Канал 5 политичките аналитичари во земјава ценат дека, иако на моменти имало црна изборна кампања, сепак генералната оценка е дека изборната реторика се одвивала во границите на очекуваното.
За некои преекспонирано било прашањето за уставни измени и европската иднина на земјата, а по резултатите од првиот круг се разгорела и меѓуетничката реторика..
Дел од познавачите велат дека најголеми губитници на првиот круг од претседателските избори биле СДСМ и Левица.
,,Кој е најголем губитник, ако мислите на политичките партии, тоа е СДСМ со оглед на резултатот на кандидатот што го подржува нели за претседател. Левица не е фактор-партија која може значајно да влијае, поготово со своите радикални ставови, антиевропски и анти-НАТО, таа нема некои шанси да биде позначаен фактор”, вели амбасадорот Ристо Никовски.
,,Факт е дека појавата на Максим Димитриевски, на ЗНАМ направи еден пресврт во структурата на македонските политички партии и тука најголем губитник е Левица и мислам дека појавата на ЗНАМ е исклучително значајна бидејќи со своите досегашни политики, СДСМ покажа дека не е достоен за улогата која долги години ја имаше на македонската политичка сцена”, вели новинарот Зоран Иванов.
Адвокатот Јанаки Митровски пак смета дека реториката на дел од партиите била клучна за изборниот исход…
,,ДУИ и Левица, ДУИ кои што традиционално одат на предзнакот УЧК и со закани кои што стануваат се поотворени од Бујар Османи дека не може да има Влада без нив што не го пишува никаде и политичката партија Левица која што станува се поочајна и се повеќе игра на национализам бидејќи веројатно тоа им е последната сламка за спас”, смета адвокатот Јанаки Митровски.
Дел од поранешните членови на Левица не се со големи очекувања на партијата на претстојните избори, причината за тоа ја гледаат во внатрешните поделби.
,,Со оглед на тоа дека циркулираат слики како Апасиев стои до штанд за делење флаери, апсолутно Левица е најголемиот губитник, човекот во 2016, кога теренските активности се сведуваа на на објаснување дека партијата постои, тој не се појави на штанд, така што тие остварија резултат кој што е далеку од нивните очекувања. Сметам дека сликата од првиот круг е релевантна иако луѓе сакаат да си верглаат некоај реторика дека ќе се зголеми или намали, пред првиот круг очекував Левица да се бори помеѓу 8 и 12 мандати, сега мислам дека би биле пресреќни ако се 4″, смета Бранко Ристов, поранешен член и функционер на Левица.
Според дел од политичките аналитичари, првиот круг од претседателсктите избори е показател за тоа што може да се очекува и во среда, други пак велат дека не ништо завршено и дека граѓаните ќе имаат нова можност за одлуки.
Видео сторијата на Канал 5