ЗОШТО НЕ Е ГОТОВ АВТОПАТОТ Кичево-Охрид, и како од 350 стана пат од 600 милиони евра?!

Ревизија и можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид најави денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура во Охрид.

– Сметам дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и сѐ уште да не биде направен, притоа да се бара повторно продолжување што треба да оди пред пратениците. Од таа причина ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет години да се прави пат, да се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот – рече Ковачевски.

Тој потсети дека проектот се гради согласно договор изгласан во Собранието и посочи дека е недозволиво после десет години повторно да се разгледува „продолжување на нешто што требало да се заврши пред многу години“.

– Недозволиво после десет години пратениците повторно да разгледуваат продолжување на нешто што требало да се заврши пред многу години, и оттаму е потребна ревизија врз основа на која ќе се предложат решенија кои е значат кончено завршување на овој автопат. Треба да се направи ревизија и врз основа на неа да се донесе одлука. Една од опциите е секако и раскинување на договорот – истакна премиерот Ковачевски, притоа најавувајќи и можна специјализирана ревизија на проектот и сите пропусти.

Премиерот Ковачевски и министерот Благој Бочварски во мај годинава најавија дека автопатот ќе биде готов до крајот на 2023 година. Но, денеска премиерот рече дека изведувачите и тој рок не го исполниле, па поради тоа неопходна е ревизија.

Изведувач на патот Кичево – Охрид е кинеската компанија „Синохидро“, а цената на автопатот што се гради 10 години се искачи на речиси 600 милиони евра. Според договернета цена од минатата влада на ВМРО ДПМНЕ цената на автопатот требаше да обиде околу 350 милиони евра, но владата на Заев исплати уште нови 250 милиони евра без јавноста да знае зошто?!