Никола Груевски: Нека Велигден Ве зарази со добрина

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук упати честитка до сите православни христијани по повод најголемиот празник Велигден.

„Денес е најрадосниот ден во Христијанството. Денот кога Исус Христос воскреснува од мртвите по најдраматичната недела во историјата на човештвото со фатален крај, односно со неговото распнување на крст пред очите на неговата беспомошна мајка.

Момент од кој се создава нова религија заснована на неговото учење која ја менува светската култура и цивилизација.

Нека овој празник ви донесе мир, среќа и подобро здравје, и како што кажав пред една недела честитајќи го Велигден на христијаните кои тогаш го славеа: нека ве зарази со добрина!

Христос Воскресна!!!“, стои во честитката на Груевски. 

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/782096343279632