Костовски: Граѓаните на општина Бутел директно учествуваат во создавање на буџетот

Почитувани новинари, почитувани граѓани на општина Бутел денеска правиме навистина еден убав настан, директно партиципирање со една непосредна демократија, а тоа е граѓаните на општина Бутел можат директно да учествуваат во создавање на буџетот за 2023 година за општина Бутел. Ние како општина ова го започнавме уште во текот на минатата недела, но ете денеска некако официјално сите општини во Македонија каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ директно соработуваат или разговараат со граѓаните на општините отворено, верувам како никогаш до сега за нивните предлози за да бидат дел од идните проекти и програмите кои што треба да се донесат за 2023 година, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

-Навистина сум задоволен од одзивот кој што го имаме денеска, оваа би рекол акција голема акција на непосредна директна демократија ќе трае овој викенд и наредниот викенд од 11 до 14 часот, за време на сабота и недела, овој и следниот викенд како што кажав каде што граѓаните можат да дојдат во големата сала на општина Бутел и да ги дадат своите предлози.

Она што би сакал да го истакнам е дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и секогаш заедно со народот ги носи своите одлуки што не е нели момент кој што го почитуваат и другите останати политички партии, особено оние кои што се на власт.

Денеска исто така сакам да истакнам големо задоволство што на првиот ден на оваа официјална активност на ВМРО-ДПМНЕ не посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, човек кој што навистина важи за голем мотиватор за нас градоначалниците да ги спроведуваме програмите, да го реализираме сето она што сме го ветиле, но и многу повеќе од тоа како што е практично е причина и момент до сега, рече Костовски.