Главна тема на овој летен период ќе биде Нејмар.
Бразилецот веќе подолго време инсистира да се врати во Барселона, а шпанскиот весник „АС“ открива интересни детали.
Имено, Нејмар направил договор со раководството на ПСЖ да го пушти во Барселона ова лето, доколку Каталонците испратат примамлива понуда.
За возврат, ПСЖ бараат Нејмар да биде целосно фокусиран на Лигата на шампионите и освојувањето на трофејот кој им недостасува во колекцијата.
ПСЖ за неговата слобода бара 170 милиони евра, а Барселона за да ја плати таа сума ќе се обиде да го продаде Осман Дембеле или Антоан Гризман.
Договорот на Нејмар со Пари Сен-Жермен завршува во 2022 година, така што ова лето би било последно во кое францускиот клуб би можел да врати голем дел од вложената сума.