65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто
На денешен ден пред 65 години во Прилеп почина Методија Андонов-Ченто! Вечна му слава!
„Верував во се, но не верував дека мои ќе ми судат за Македонија“.
Ченто како македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија.
Во овие тешки времиња за Македонија, да упатиме поддршка и до Јане Ченто и неговото семејство. Веруваме дека правдата ќе излезе на виделина!