Мицкоски: Од оваа хибридно-режимска власт се очекува да го дели народот по разни основи, наместо да работи на решавање на реалните проблеми на граѓаните

Од оваа недемократска, хибридно – режимска власт во овие тешки времиња наместо да се фокусира на реални проблеми на граѓаните, како што е борбата против корупцијата која е исклучително голема, таа да го дели народот по разни основи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од денешниот настан во хотел Континентал, запрашан за став по последни изјави на владините претставници дека со гласањето на промена на Уставот ќе се видело кој е за Европската Унија, а кој против.

„Тоа е очекувано од страна на оваа недемократска, хибридно – режимска во Македонија, да се обидат дополнително да го поларизираат и онака поларизираното општество. Но, од анкетите можете да видите вие дека таа половина која што нив ги поддржува е незначително, односно помала од 10-тина проценти. И навистина жалам што во овие тешки времиња, наместо да се фокусираме на реалните проблеми на граѓаните, а тоа е борбата против корупцијата која што е исклучително голема“, рече Мицкоски.

Додаде дека сите гледаме, како додека ја распродаваат државата и македонскиот идентитет не престануваат да крадат и да нижат тендери во четири очи, додека стандардот галопирачки паѓа и граѓаните мака мачат да се прехранат од први до први во месецот.

„Гледате дека додека ја распродаваат државата и идентитетот не престануваат да крадат, па се нижат тендерите кој што се случуваат во четири очи. Имаме неколку такви во изминатиов период. За жал, состојбата во образованието, во здравството е катастрофална, економијата веќе и да не ја споменува никој во државата. Граѓаните, буквално, мака мачат да се прехранат од први до први, бидејќи инфлацијата е галопирачка, стандардот стагнира оди надолу“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде ова се суштинските проблеми со кои треба да се занимава една европска Влада, а ние, за жал, имаме хибридно-режимска власт која се занимава со делби на граѓаните на вакви и такви, наместо да обединува и во овие тешки времиња заеднички да ги надминеме предизвиците со кои ќе се соочиме оваа есен, како што се грејната сезона, предизвиците во образование, здравството, економијата и така натаму.

„Тоа се суштинските проблеми со кои што би требало да се занимава една европска Влада, но за жал, ние имаме хибрридно-режимска власт која што се занимава со делба на граѓаните на вакви или такви. Наместо да ги обединува и наместо во овие тешки времиња сите заеднички да ги поминеме предизвиците со кој ќе се соочуваме оваа есен, а и оваа зима. За месец дена од денеска, нешто повеќе, ќе почне учебната година, доаѓа и грејната сезона за нешто повеќе од два месеци од денска. Од тоа што можам да го видам, ниту имаат план, ниту имаат визија, но затоа пак имаат план и те како имаат визија за да продолжат да крадат. Ако се тоа европските вредности, тогаш јас кажал „не, благодарам“ на такви европски вредности. Мене тие европски вредности не ми се познати иако голем дек од своето образование сум поминал во таа Европа“, посочи Мицкоски.