Средба Гаши – Варнес: Потврдена стратешката соработка меѓу Македонија и САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка.

Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнувањето на улогата на Собранието и унапредувањето на реформите во интерес на граѓаните.

На крај, беше потврдена заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на партнерството и стратешкиот дијалог. 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK