„Нова радост и голем благослов од Бога“: Родителите на Немања Гудељ се огласија по раѓањето на нивниот внук

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ вчера станаа родители на момче.

Пејачката и фудбалерот го избраа името Илијан за својот наследник, а добрата вест ја објавија на Инстаграм.

Сега, родителите на Немања, Оља и Небојша, се огласија по повод настанот.

„Добредојде, Илјан. Нов живот, нова радост и голем благослов од Бога за целото наше семејство. Од денес, во матичните книги има уште едно презиме Гудељ, а уште повеќе љубов во нашите срца“, изјавија тие за тамошните медиуми и додадоа:

„Господ нека ве чува, води и благослови во секој ваш чекор“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK