Левица ја презема иницијативата – во понеделник ќе свика средба за Изборниот законик, сите да најдат решение за една изборна единица

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица:

„Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја префрлаат топката, ние го прифаќаме предизвикот – ќе свикаме средба на опозициските партии. Планираме од понеделник официјално и да ги поканиме опозициските партии.”, истакна пратеникот Крмов.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK