Мицкоски: Седнете, договорете сè што сакате – дајте предлог во кој што ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко ќе поддржиме
-Имавме 10 реформи кои што требаше да ги завршиме, кои што беа во грејс период со рок до крај на јуни, имаме одредено продолжување до средината на јули. Меѓунив е и Изборниот законик. Цениме вака, како што е моментално начинот на кој што гласа дијаспората, односно иселениците не се содвествува на вистинскиот капацитет, односно имаме неможност за тие да излезат во доволен број да го дадат своето право, посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји. Тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. Ние се обидовме да дадеме предлог кој што бепше прифатен заедно со сите други измени кои што ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Завршено беше се, потпишан беше законот, пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, рече Мицкоски и додаде:
„Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, тоа е театар за мал број на гласачи кои што им веруваат. Замислете, овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција што ќе се случи. Викаат неможеме да се потпишеме со вас, ние сме робоспиерови следбеници, е неможе така“.
Мицкоски со јасна порака до опозицијата „дајте предлог во кој што ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме“.
Ако сакате да учестувате ќе мора да имате и одговорност и рековме неможе. Потоа настапи втората опозициска партиоја СДСМ, па поднесоа илијадници амандмани. Секој си наоѓаше некаква забелешка за да ние дадеме јасен предлог. „Седнете договоретесе во опозицијата, што сакате, како сакате – дајте предлог во кој што ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме“, се шо ќе посакате бланко ќе го поддржиме само да го завршиме до 15 јули, за да можат 10-те чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идме во следна фаза, вели премеирот Мицкоски.
Comments are closed.