ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не очекува утре и во следните денови?

Времето утре во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а дневните од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во следните денови се очекува претежно стабилно и сончево време сè до четврток. Исклучок ќе биде среда, кога се прогнозираат нови врнежи од дожд.

За време на викендот времето ќе биде посвежо, додека од почетокот на следната недела температурите повторно ќе бидат во пораст.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK