Останал без родители, се борел со пороци: Македонецот Бојан Илиевски е победникот во „Ѕвездите на Гранд“

Македонецот Бојан Илиевски, е победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026. До триумфот стигна во големото финале освојувајќи најголем број СМС гласови од публиката од целиот регион.

Музичкото образование го стекнал преку основно и средно музичко училиште, а потоа студирал и на Музичката академија во Словенија. За време на натпреварувањето не ги криел тешките животни приказни што го обележале неговиот пат – зборувал за загубата на родителите, но и за борбата со пороците што успеал да ги остави зад себе.

Неговата животна исповед длабоко ја допрела публиката и членовите на жирито. Уште во 2022 година, за време на еден од настапите, го расплакал целиот студио, додека Цеца Ражнатовиќ едвај ги задржала солзите пред камерите.

Животниот пат на Бојан е обележан со незамисливи семејни трагедии и грчевита борба со тешкото секојдневие. Овој храбар млад човек прерано се соочи со огромни загуби – неговиот татко боледувал од тумор на мозокот, додека и мајка му се борела со сериозна болест, а на крај останал без двајцата родители. Покрај неизречливата тага по родителите, семејството го следела и страшна финансиска сиромаштија. Во најтешките денови, додека се молел само да го види татка си жив, во куќата имале само 50 евра.

По загубата на родителите, неговата единствена утеха, поддршка и животен потпор станала неговата баба од мајчина страна, која тогаш била со него на снимањето на емисијата.

Јас сум му баба од мајчина страна. Тој нема ни татко ни мајка, јас сум му единствена поддршка. Му починаа и таткото и мајката, рекла таа тогаш, а Цеца се расплакала.

Бојан призна дека не ја очекувал победата.

Искрено, не очекував дека ќе победам, не знам што да кажам. „Ѕвездите на Гранд“ се најгледаната емисија во Македонија, затоа се најажурни со гласањето. Го дадов својот максимум за време на натпреварувањето. Имаше доста предизвици, одење на проби и враќање на секојдневните обврски, седмиот круг ми беше најтежок – рече пејачот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK