Дрвја паднаа сред улица врз автомобили во Кисела Вода

Огромни зимзелени дрва паднаа врз паркирани автомобили на улица во Кисела Вода кај средното училиштето „Васил Антевски – Дрен“.

Преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на СЕПУГС Васил Антевски кое оштети три возила на ул.Вера Јосиќ, Општина Кисела Вода, извести ЦУК.

– Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Од МВР треба да направат увид на местото на настанот, а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот, велат од ЦУК.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK