Дали Владимир Панчевски неосновано е дисквалификуван од Советот на јавните обвинители?!

Откако поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски денеска од страна на Советот на јавни обвинители беше исфрлен од конкуренција за функцијата Јавен обвинители, тој се огласи на Фејсбук. Панчевски прикажа потврда од Основен кривичен суд Скопје дека бил непрекинато судија од 8 февруари 2008 до 28 јули 2020 година, односно има вкупен судиски стаж од 12 години 5 месеци и 20 дена.

Советот на јавни обвинители ја отфрли неговата кандидатура со образложение дека не ги исполнува условите, односно, како што решиле членовите на Советот, тој нема најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, како што пропишува Законот за јавно обвинителство.

Според Панчевски, одлуката е противзаконска, бидејќи не е земен предвид фактот дека тој имал континуиран стаж од повеќе од 12 години.

За разлика од Панчевски, останатите четири кандидати за функцијата прв човек на Јавното обвинителство, го поминаа филтерот и Советот на јавните обвинители сега треба да ги проследи нивните кандидатури до Владата.

Едногласна поддршка – со сите 10 гласа – добиле обвиителката Ленче Ристоска и судијата од Кривичен суд, Ненад Савевски. Со еден глас поддршка помалку, поминала Лидија Раичевиќ, а позитивно мислење Советот на јавни обвинители имал и за в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK