ВИДЕО: Велес под вода – поплавени улици, сообраќајот отежнат, пред невремето се појави суперкелиски облак

„Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес . Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и можна појава на град“, информира УХМР.

Оттаму информираат дека силна нестабилна облачна маса се приближува има и во Велес, како и во штипскиот и во кривопаланечкиот регион.

Проследена е со интезивни јаки поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и со појава на град.

Метеорологот Славчо Поповски објави дека над Велес, пред силното невреме, се појавил суперкелиски облак.

Силна нестабилна облачна маса истури огромна количина вода во Велес попладнево. Дел од улиците по силните врнежи се поплавени.

Слични временски услови се забележани и во регионот меѓу Штип и Кочани, особено во околината на Горни и Долни Балван.

Дополнително, врнежи, грмежи, засилен ветер и град го погодија и Скопје.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK