Ева Заева со емотивна фотографија и песната „Always“ се збогуваше со Душко Чифлиганец
Ева Заева јавно се прости од поранешниот љубовен партнер Душко Чифлиганец по неговата прерана трагична смрт.
На Instagram Story, младата девојка објави црно-бела фотографија на која со Душко се држат за рака, а во позадина тече песната „Always“ од Џон Бон Џови во која се пее: „And I’ll love you, always“ (И ќе те сакам засекогаш).
Љубовната врска на Душко и Ева неколку години беше во центарот на вниманието на македонските медиуми, иако двајцата јавно никогаш не зборуваа за нивната романса.
Пријателите и јавни личности од синоќа се простуваат од Душко Чифлиганец, 32 годишниот бизнисмен, потпретседателот на „Адора Бизнис Групација“, кој настрада во несреќа во Брно, Чешка.
Блиските и пријателите на прерано починатиот бизнисмен (32) имаат само убави зборови за него. Тие се простуваат од него на социјалните мрежи. Велат дека Душко бил полн со живот, емпатичен, секогаш подготвен да помогне, насмеан.
Музичарот Перо Камиказа од „Меморија“ сподели сеќавање за Душко.
„Заедно вежбавме во Александар палас. Беше уште од мал посветен на тренинзите и за годините имаше одлични резултати. Заедно во Будимпешта го истрчавме твојот прв полумаратон. Но ја делевме и страста кон двете тркала. Не можам да верувам дека замина толку рано, мали. Да ти е светол патот кон вечниот дом. На семејството, искрено сочувство“, напиша тој на Фејсбук.
И кошаркарот Перо Антиќ сподели фотографија со порака: „Почивај во мир, брату“.
„Со неверување и со тага ја примив веста за заминувањето на Душко Чифлиганец… Голем човек, искрен пријател, хуманитарец и млад човек со големи соништа. Спомените на неговата добрина и насмевка ќе живеат вечно. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството“, напиша ексминистерот Оливер Спасовски.
Comments are closed.